Музика
24 години подоцна, Бекута ќе ја земе заслужената награда за „Стариот џумбушлија“
Во 1991 година, на сцената на македонскиот реномиран фестивал, Фолк Фест Валандово, Ана Бекута испеа песна со наслов „Стариот Џумбушлија“.
Никој не претпоставуваше дека оваа песна ќе влезе во македонската музичка историја. И цели две децении подоцна, ќе биде една од најслушаните но и најизведуваните македонски песни. Ана Бекута од тој фестивал си замина без награда, но годината што следуваше, до следниот Валандовски фестивал, на Бекута и ја донесе можеби најпрестижната награда, најслушана песна помеѓу двата фестивали. И оваа награда не стигна до рацете на Ана Бекута. Војната на овие простори им ги помати сметките на организаторите.
Денес, 24 години подоцна, правдата ќе биде задоволена. Уметничкиот директор на Фолк Фест Валандово, Орце Гелевски, на концертот кој што ќе се случи во сабота на 14 март, во спортскиот центар Борис Трајковски ќе и ја врачи на Ана одмна заслужената награда. Не е исклучена можноста, Ана со помош на публиката во Борис Трајковски, да не потсети на изведбата од 1991 година.




