Музика
25.000 луѓе од над 30 земји на првиот Егзитов „Ноу Слип“ Фестивал во Белград!
Преку 25.000 луѓе од повеќе од 30 земји ширум светот го посетија новиот Егзитов „Ноу Слип“ (No Sleep) фестивал, кој за време на трите ноќи и четири дена на 12 фестивалски локации ширум Белград собра над 100 претставници од домашната, регионалната и светската клупска сцена.
Во програмата која се одвиваше деноноќно, беа и некои од најбараните светски ѕвезди како што се Фетбој Слим или Нина Кравиц, култните имиња како Касиус, Ли Буриџ, ДЈ Тенис, Марсел Фенглер, Франсоа Икс но и ѕвездите на новата генерација, Дакс Џеј, „Ај Хејт Моделс“ и Рандомер. Љубителите на алтернативната сцена уживаа во автентичниот ѕвук на изведувачите како што се Aлекси Перала, Моли, Олоф Дреијер, Агнес Авес, Блек Мерлин, Филип Берг и Паскал Волтер, додека широката домашна и регионална селекција опфати некои од клучните актери на електронската сцена.
Журката започна во четвртокот вечерта на главната фестивалска локација, на која со антологискиот „Рејв во Хангарот“ Фетбој Слим ја држеше публиката во високоенергетски набој од првите до последните тактови, со мегахитовите како што се „Praise You“, „Right Here, Right Now“ или „Star 69“! Веќе следниот ден, со фестивалот во полн капацитет завладеаја белградските клубови „Драгстор“, „20/44“, „Марш Опен Спејс“, „Младост“, „Гадост“, „Гајба“, „Минт“, „Југовинил“, „Транзит“ и „Дот“. Една од најголемите диџејски ѕвезди на денешницата, Нина Кравиц, која атмосферата ја доведе до точка на вриење во фуриозниот двочасовен сет во Хангарот, уште еднаш го потврди статусот на лидерка на денешното техно движење, додека во чекор ја следеа младите техно магови Дакс Џеј и „Ај Хејт Моделс“. Истата вечер, „Драгстор“ го „запалија“ четири големи трап екипи, „Гасивити“, „ФАМ“, „Лаудпак Зоун“ и „Ватра“, но и францускиот техно доајен Франсоа Икс.





