МК Сцена
2CELLOS на 4 декември со голем концерт на сцената на Метрополис Арена
Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје. 2CELLOS ќе настапат пред македонската публика на 4. декември на сцената на Метрополис Арена.
Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“ кој за своето 17. издание подготвува повеќе настани кои ги задоволуваат различните музички вкусови. Во тоа име, на овој концерт на „Таксират“ кој е организиран во сорабтока со културната манифестација „Охридско Лето“, маестралните 2CELLOS гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус.
Дотолку повеќе и поради задоволството што групата прв пат настапува во Скопје и тоа во атмосфера и арена која најмногу доликува за спектаклот кој таа го приредува.




