МК Сцена
2CELLOS ПРЕМИЕРНО ВО СКОПЈЕ: „Метрополис арена“ на нозе – романтично запросување во публиката
Насловна фотографија: Драган Тануровски / Популарно.мк
Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер ја одушевија публиката во Метрополис арена на нивниот премиерен концерт во Скопје кој се распродаде молскавично брзо.
Тандемот виолончелисти Лука и Стјепан познати како „2CELLOS“ го одржаа својот прв концерт во Скопје. Иако ова не беше нивни премиерен настап во Македонија, преполната Метрополис арена каде се бараше место повеќе за седење, но и стоење, уште еднаш ја потврди желбата на публиката да ужива во музички спектакл за сите сетила.






