Музика
ЈА СКРШИ НАГРАДАТА НА ДВА ДЕЛА: Адел апсолутен победник на овогодинешните „Греми“ награди
Неизвесност до самиот крај – сѐ до последниот момент од синоќешното издание на наградите Греми, не се знаеше која од двете ѕвезди, Бијонсе или Адел ќе ги освои Греми наградите за албум и песна на годината.
На крајот, Адел беше апсолутна победничка со албумот „25” и песната „Hello” кои и донесоа вкупно 5 награди, со што го повтори успехот од 2012 година.
Интересно е тоа што Адел изјави дека наградата за Албум на годината треба да ја добие Бијонсе, по што ја скрши статуетката на два дела и едниот и го даде на својата колешка.




