Музика
Адел ќе настапи на доделувањето на наградите Греми
Организаторите на доделувањето Греми награди ги соопштија имињата на изведувачите кои ќе настапат таа вечер, меѓу кои е и популарната пејачка Адел.
Адел се враќа на оваа сцена, на која последен пат настапи во 2012 година.
– Оваа постава на талентирани луѓе е само почеток, што повторно ќе докаже дека доделувањето на наградите Греми е една од најважните ноќи кога станува збор за музиката, изјави директорот на манифестацијата.




