МК Сцена
Афроџек доаѓа на „Охрид колинг“!
Еден од најпознатите светски музички артисти на денешницата, суперпопуларниот диџеј AFROJACK, премиерно ќе настапи ова лето во Македонија, и тоа на второто издание на фестивалот OHRID CALLING 2017, ноќ спроти Илинден, на 01 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Поради фактот што AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион.
Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.




