Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Д Килерс доаѓаат на Егзит!

Музика

Д Килерс доаѓаат на Егзит!

Еден од најголемите бендови на нашето време The Killers, ќе настапи во среда, 5-ти јули, на таканаречениот „нулти ден“ на овогодишниот Exit!

Ова ќе биде новиот Get EXITed, специјалниот настан во чии рамки и Роби Вилијамс пред две години приреди вистински спектакл пред повеќе од 33.000 луѓе на Ушче. „Еден од најголемите бендови на векот“, „Најголемиот американски рок бенд“, „Најдобриот голем бенд на светот“, се само дел од цитатите за The Killers што ги напишаа светските медиуми како што се NME, MTV, VICE и бројни други.

Сопствениците на четири Бр.1 албуми и добитници на дури девет престижни награди за најдобар светски рок бенд, на Петроварадинската тврдина доаѓаат во рамки на ексклузивната турнеја на која ќе настапат во вкупно десетина земји меѓу кои се С.А.Д., Велика Британија, Шпанија и Србија! Оваа турнеја веќе важи за една од најбараните годинава, па и нивниот јулски концерт во недогледниот Хајд Парк е распродаден за само неколку дена, додека цената на влезниците на црниот пазар за тој концерт се движи до вртоглави 700 евра!

Со ова бендот зад себе ги остави изведувачите како што се Justin Bieber или Kings of Leon, чии влезници за концертот, неколку дена порано на истото место, сѐ уште можат да се купат во редовна продажба.

The Killers изминатите неколку години беа апсолутни хедлајнери на гигантските фестивали како што се Glastonbury, Coachella, Lollapalooza, Rock am Ring и други, освојувајќи при тоа и награда за најдобар фестивалски хедлајнер и најдобар бенд во живо! Поради сето ова се очекува дека во Нови Сад овој јули ќе дојдат уште поголем број посетители од целиот свет на спектакуларната увертира за четири дена и ноќи на овогодишниот EXIT фестивал!

По овој повод на денешната прес-конференција, Душан Ковачевиќ, основачот на Exit им потврди на присутните дека станува збор за пресвртница: „Ова е дефинитивно почеток на една нова ера на EXIT фестивал, бидејќи со концептот на нултиот ден успеавме на тврдината да доведеме еден од најголемите светски бендови, чии турнеи се најчесто резервирани за стадионски соло концерти“.

Четворката од Лас Вегас на тврдината премиерно ќе отсвири дел од песните од новиот, петти студиски албум кој ни доаѓа ова лето. Како и на сите нивни големи концерти, сет листата ќе ги содржи и бројните најголеми хитови како што се „Mr. Brightside“, „Somebody Told Me“, „Human“, „Read My Mind“, „When You Were Young“, „Runaways“ и бројни други од импресивната листа на песни кои веќе скоро 15 години не се симнуваат од емитување на радијата и телевизиите.

The Killers го освоија светот одненадеж со својот првенец „Hot Fuss“ (2004), кој стана и еден од најпродаваните албуми на деценијата и еден од најголемите деби албуми по мислење на магазинот Rolling Stone. И следните три албуми, „Sam’s Town“ (2006), „Day & Age“ (2008) и „Battle Born“ (2012), се исполнети со антологиски песни и чистокрви хитови, кои го одведоа бендот до самиот врв на светските топ листи, продавајќи десетици милиони примероци покрај спотовите кои ги паметат цели генерации. Зад себе имаат и компилација со песни од Б-страна и раритетни снимки „Sawdust“ (2007), како и компилација со најголемите хитови „Direct Hits“ (2013), но и дури единаесет синглови кои сега веќе традиционално ги објавуваат пред секој Божиќ.

Овие синглови се собрани на албумот „Don’t Waste Your Wishes“ од ноември минатата година, а целокупниот приход како и секогаш досега оди во добротворни цели. The Killers се познати по хуманитарната работа и активизам, а тие се и едни од главните учесници на глобалната кампања против трговија со луѓе, MTV EXIT, која во 2004 година започна токму на Exit.

Интересно е дека се оформени во 2001 година, откако основачот и пејач на групата Brandon Flowers, фасциниран од концертот на групата Oasis и настапот на Лијам Галагер решил да постави оглас во локалните весници барајќи ги останатите членови за бендот. Четворката набргу се собира во сегашниот состав во кој покрај Flowers, членуваат и гитаристот Dave Keuning, басистот Mark Stoermer и тапанарот Ronnie Vanucci.

Влијателниот магазин NME им додели дури четири награди за најдобар светски бенд, покрај уште шест номинации во истата категорија, што е своевиден рекорд бидејќи и Foo Fighters кои се веднаш зад нив имаат дури двојно помалку! И во 2013 година кога Arctic Monkeys и Ролинг Стоунс беа хедлајнери на Гластонбери, а Muse и Depeche Mode беа на последните големи турнеи, пред сите нив публиката ги изгласа The Killers за најдобар бенд во живо, а ласкавата титула оваа година ќе ја (од)бранат и на Exit.

Денешната прес-конференција ја отвори бендот Jonathan, инди-рок сензацијата од Риека кој со одличната изведба на еден од најголемите хитови на The Killers, „Somebody Told Me“, им пружија на присутните дел од атмосферата која нѐ очекува во среда, на 5-ти јули на Петроварадинската тврдина.

Тие се воедно и првиот потврден бенд кој во Нови Сад ќе настапи пред The Killers, а во таа прилика на публиката ќе и го претстават новиот албум „To Love..“ објавен во февруари годинава.

Старт на продажбата на влезниците на 13-ти март, точно на пладне!

Влезниците за новиот Get EXITed спектакл со The Killers ќе бидат пуштени во продажба на 13-ти март, точно на пладне, и тоа секаде ширум светот по првите и најповолни подарок цени од само 1650 денари за партер, 2950 денари за многу лимитираниот фан-пит и 6550 денари за ВИП платформата.

Купувачите на четиридневните EXIT влезници или комплетите EXIT Авантура и EXIT Summer of Love ќе имаат специјална прилика својот Get EXITed додадок, кој оди во пар со купена EXIT влезница и овозможува влез во партер зоната, да го купат по привилегирана цена од само 999 денари. Бројот на овие додатоци е многу ограничен. Во Македонија влезниците се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат)

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.