МК Сцена
Алан Вокер хедлајнер на првиот викенд на „Скопје колинг“
Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот Skopje Calling да трае два викенда!
Па така, огромно задоволство ни е да ви најавиме дека хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде ALAN WALKER- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во моментов, со настап на 2 јуни, сабота, на АРМ стадионот.
Иако има само 20 години, WALKER е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.




