Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Славенички концерт на Бајага и „Инструктори“ во Скопје (ФОТО)

ФОТО: АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА

МК Сцена

Славенички концерт на Бајага и „Инструктори“ во Скопје (ФОТО)

Славеничкиот концерт на Бајага и „Инструктори“ вчеравечер го обои корона сивилото на скопјани и останатите кои дојдоа да го одбележат јубилејот од 35 години – успешна рокенрол приказна.

Иако стадионот на АРМ, каде што се одржува концертот има капацитет за 15.000 посетители, поради запазување на протоколите поставени поради пандемијата на коронавирусот, во продажба беа пуштени само 4.000 карти.

Бајага ги разбуди емоциите на присутните со големите хитови од нивната 35-годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на диригентот Војкан Борисављевиќ.

ФОТО: Авалон продукција

„Ова е мојот најголем концерт откако започна кризата со коронавирусот“, изјави Бајага пред присутните.

Како што најавија, ова е последен од низата концерти на Авалон продукција, се до завршувањето на пандемијата со коронавирусот.

„Да се разбереме. Скратените капацитети, слабата посетеност во овие услови, огромните трошоци… сето тоа е неважно во однос на среќата што се предизвика прво кај нас како организатори и идејни водачи на овие проекти, изведувачите како реални реализатори… и се разбира, публиката, како директен конзумент на сево ова. За крај, тоа по што ќе биде запаметена оваа сезона е феноменот што и ние и изведувачите и публиката за прв пат во историјата од кога ова го работиме бевме едно и на сите ни беше важна само една работа- да покажеме дека сме живи и тоа како ментално здрави во оваа апсолутно нездрава година!“ – вели Бобан Милошески, сопственик на Авалон продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.