МК Сцена
Промовирани планираните проекти на МОБ за 2017 година
Во Македонската опера и балет (МОБ) оваа година ќе има премиери на неколку опери и балетски претстави, а националната установа ќе одбележи 70 години од основањето и 40 години од Мајските оперски вечери. Годишната програма за 2017 година денеска на прес-конференција ја претставија уметничките директори на операта и на балетот Сони Петровски и Олга Панго.
Уметничкиот раководител на балетот Панго оцени дека 2017 година ќе биде најбогата во програмскиот дел и оти ќе има три премиери.
За април ја најави Балетската вечер на Август Борнонвил со три балетски делови инспирирани од Франција, Шпанија и Италија.




