МК Сцена
АВАЛОН: Енрике Инглесиас со скромни барања за концертот во Скопје
По успешниот музички спектакл Skopje Calling 2016, во рамки на историското концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите Историски и Суперексклузивен.
Концертот на Енрике Инглесиас во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот.
-Многу ни е драго што Македонците ќе имаат можност да уживаат во неговата музика. Интересот е навистина преголем. Бројот на останати карти е многу мал, па затоа, еве повик до оние што сакаат да бидат дел од забавата, а сѐ уште не успеале да купат билет, да побрзаат – велат од „Авалон“.







