Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Авалон го најави првиот голем концерт за 2019 година!

МК Сцена

Авалон го најави првиот голем концерт за 2019 година!

Иако до крајот на календарската 2018 година Aвалон продукција има уште десет проекти, светската музичка индустрија не може и не сака да чека!

Поради тоа, со задоволство го најавуваат првото светско име за 2019-та година – суперквалитетниот Том Одел доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.

Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.

Сме имале можност да го гледаме Том Одел во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени утревечер во 21 часот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.