МК Сцена
ПО ТРИ ГОДИНИ ПАУЗА: Тамара Тодевска го промовираше новиот сингл „Довидување таго“ (ВИДЕО)
По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска денес точно на пладне на Стоп ТВ, го промовираше својот нов сингл насловен „Довидување таго“.
И зад оваа песна се потпишува тимот кој што веќе години наназад, животот на Тамара го раскажува низ песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текст Игор Џамбазов, видео запис Чедо Поповски.
– „Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост“ – вели Тамара.




