Сцена
Бекамови со список барања пред да дојдат во Црна Гора
Викторија и Дејвид Бекам пред неколку дена пристигнаа со своите деца на одмор на Свети Стефан во Црна Гора и, како што и се очекуваше, побараа строга приватност за да можат целосно да уживаат во летувањето.
Бекамови појдоа во Црна Гора на покана на пријател, а преку него испратија 28 услови, од кои некои на многумина ќе им изгледаат прилично чудни.
Така, освен посебна послуга, возач и готвач, кои ќе мораат да се грижат само за нив и не смеат да се менуваат, гостите од „островот“ побараа и соби со поголем проток на кислород, одредена оддалеченост од другите туристи и свои лежалки на плажата. Во списокот уште стои и звучната изолација, како и посебна вода којашто ја пие семејството.




