МК Сцена
Ексклузивни „мит енд грит“ влезници за концертот на Шон Пол
Во пресрет на најголемиот концертен спектакл летово и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди Шон Пол (Sean Paul), закажано на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје, ве известуваме дека од денеска во продажба ќе бидат пуштени и ВИП и Ултра ВИП влезници.
Поради големиот интерес на домашната публика овие влезници, заедно со досегашните за партерот и фан питот, до среда (25 јули) ќе се продаваат по претпродажна, односно промотивна цена.Влезниците до среда ќе се продаваат по цена од 1 100 денари за партер, 1 600 за фан пит, 2 200 за ВИП делот (пакети со вклучени пијалаци) и 6 900 денари за ултра ВИП делот, а потоа ќе бидат објавени регуларните цени.
Ултра ВИП влезниците ќе бидат пуштени во многу мала количина и ќе бидат со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.




