МК Сцена
„Бекстејџ“ втора година по ред признат како Superbrand на Македонија
Втора година по ред, естрадниот магазин„ Бекстејџ“ е признат како Superbrand на Македонија. Во друштво на најдобрите и најуспешните компании од Македонија но и од регионот, Бекстејџ вторпат го добива ова престижно и посакувано признание.
Бекстејџ е естраден магазин кој што веќе седма година по ред ја живее својата телевизиска етапа. Низ годините се менуваа лицата,студиото, темите, фокусот…но квалитетот остана ист. Токму тоа е и факторот кој што го препозна стручното жири па и годинава го изгласа Бекстејџ за Superbrand на Македонија.
Ова е единствениот телевизиски формат којшто успеа веднаш до своето име, да го залепи логото на Superbrand на Македонија и тоа двапати.




