МК Сцена
„Бела ноќ“ за Денот на независноста
Свечена академија и концерт со револуционерни песни се централни настани со кои годинава ќе бидат одбележани 25 години независност на Република Македонија. Ќе бидат одржани во Македонскиот народен театар во среда вечерта, во пресрет на државниот празник 8 Септември.
Тие ќе бидат дел од „Бела ноќ“ во која националните и локалните институции од културата во Скопје и во другите градови ќе се вклучат со настани бесплатни за посетителите. Нив денеска на прес-конференција ги соопштија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
На свечената академија на 7 септември од 20:30 часот во МНТ ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов, а по академијата ќе има ексклузивен концерт на кој премиерно ќе биде промовирано второто аудио издание „Непокор“ кое Македонската радиотелевизија го продуцираше со поддршка на Министерството за култура.




