МК Сцена
Битола е подготвена за 38. издание на „Браќа Манаки“
Утревечер (сабота, 20 часот) со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско – македонската копродукција„Насоки“ на на бугарскиот режисер Стефан Командарев, прв од филмовите во официјалната селекција, почнува програмата на 38. Издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе трае до 30 септември.
Подготовките за гала отворањето во Центарот за култура во Битола се при крај, градот веќе се полни со филмаџии и почнува да дише со фестивалот.
Пред проекциите на филмовите за отварање, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на фестивалот ќе му ја врачи Златната Камера 300 за животно дело на годинашниот лауреат кој веќе пристигна во Битола, Пјер Лом, легендарниот француски и светски кинематографер. Вториот добитник на наградата за животно дело, славниот италијански кинематографер, Џузепе Ротуно, заради својата возраст не можеше да дојде во Македонија, но негов претставник ќе ја прими Златната Камера 300 за животно дело на утрешното свечено отворање на фестивалот.




