МК Сцена
Легендарниот кинематографер Пјер Лом воодушевен од македонската културна традиција
Лауреатот на годинашново 38 издание на ИФФК Браќа Манаки, великанот на француската кинематографија, Пјер Лом веќе два дена престојува во Македонија. Тој и неговата сопруга Рене веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром изразија желба да ја запознаат земјата и нејзината култура.
Тие ја посетија црквата „Свети Спас“ и таму ги видоа иконите од 15. и 16. век, како и иконостасот, потоа гостите од Франција се прошетаа низ Старата скопска чаршија, а на сопругата на Лом и’ се допадна накитот на македонските златари.






