МК Сцена
Боби Мојсовски во суперфиналето на Х-Фактор
Насловна фотографија: YouTube / Printscreen
Единствениот преостанат македонски претставник во втората сезона на „Икс-фактор“, Боби Мојсоски ќе пее во суперфиналето на шоуто закажано за недела. Шансите Македонија повторно да победи се големи.
Иако до сега добро го негуваше епитетот „Крал на баладите“, Боби синоќа докажа дека одлично се снаоѓа и во исполнување на песна со побрз ритам.




