МК Сцена
„БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ЕЧЕШЕ: „Македонско девојче“ во изведба на Жељко Самарџиќ и Наум Петрески
Вчеравечер, во предвечерието на празникот на виното и љубовта, во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа голем концерт на миленикот на женската публика Жељко Самарџик.
Неверојатно, но бројката на посетители ги збуни и организаторите на концертот, затоа што се бараше место повеќе за стоење во преполната сала.
„Љубавник“, „Грлица“, „Зауставите јануар“ и уште многу други беа дел од репертоарот на пејачот кој успеа да направи одлична забава.







