Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Борис Трајковски“ ечеше од хитовите на „Тропико бенд“ (ФОТО)

МК Сцена

„Борис Трајковски“ ечеше од хитовите на „Тропико бенд“ (ФОТО)

Кога на едно место има совршени музичари, вистински фанови и фантастични хитови, тогаш финалниот производ не може да биде ништо помалку од совршен. Ете токму таков беше синоќешниот концерт на еден од најпопуларните бендови од соседството – Тропико бенд, во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

– „Атмосферата беше неверојатна. Онаа позитивна трема која ја чувствувам пред секој настап исчезна штом застанав на сцената. Дадовме се од себе и се потрудивме овој наш прв, голем концерт во Скопје да им остане во сеќавањето на сите кои дојдоа да не испочитуваат. Благодарен сум им на сите кои беа со нас и кои направија срцето да ни биде големо колку вселената“, рече фронтменот на Тропико, Сале.

„Заувек твој“, „Шта чу теби ја“, „Зар ти“, „Само иди“, „Синови таме“, „Ако ти је до мене“, „Мислиќу на тебе“… само дел од песните што се најдоа на репертоарот на речиси тричасовниот спектакл. Освен нивните теми имаше и блок со ним омилените екс ју-рок хитови меѓу кои „Као какао“ на Леб и сол, а вечерта не помина ниту без омилената македонска песна на Сале „Море сокол пие“ за време на чија изведба ги поздрави присутните со македонско знаме во рацете, а на репертоарот се најде и „Игри без граници“ од Тоше.

Специјална гостинка беше младата Лина Пејовска, која на јавноста и се претстави со учеството во Пинковите ѕвездички каде Сале беше дел од жирито. Лина на сцената ја отпеа својата песна „Ако ме сакаш“ која на Јутјуб има милионски прегледи.

Првиот солистички скопски концерт на Тропико помина во организација на Скај мјузик од Белград – лидери во регионот кога е во прашање аудио-визуелната опрема, што всушност и уште еднаш се потврди на концертот на Тропико бенд. Светски звук – светски изглед!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.