МК Сцена
УНИКАТЕН НАСТАН: Раскажи ми приказна во Капитол Мол
Преку споделување на приказни чувствуваме поврзаност и сличност помеѓу нас иако секоја од нив ја создаваме поради нашата уникатност.
Никој друг не може да ја напише приказната на нашиот живот, тоа е тоа што ја прави специфична и неповторлива, и најчесто се поврзуваме со други кога одредени теми и чувства се толку блиски до нашите што не можеме да ги оттргнеме. Како место во кое редовно се раѓаат нови приказни Капитол мол ја организираше акцијата „Раскажи ми приказна“.
Светски познатата поетеса, Маја Ангелоу еднаш рекла „Нема поголема агонија од тоа да носиш со себе неискажана приказна“. Воедно, содржината не е важна, тонот на тој што ја раскажува не е важен, најважно е што секој од нас чувствува кога ќе се спои синергијата на секој нејзин елемент. Нивното раскажување ни помага да го разбереме тоа што ни се случува во животот креирајќи искуство кое го делиме со другите за да растеме како личности.







