Сцена
Бруклин Бекам и Клои Морец првпат се појавија заедно на црвениот тепих
Бруклин Бекам и неговата девојка Клои Грејс Морец синоќа беа главни ѕвезди на холивудската премиера на филмот „Neighbors 2: Sorority Rising“, во кој Клои игра една од главните улоги.
Романтичниот Бруклин ја изненади својата девојка, откако ненајавено долета од Лондон, за таа вечер да биде со неа.
– Многу е мил и внимателен. Вистински џентлмен, откри убавата глумица.




