МК Сцена
Дино Мерлин ќе руши рекорди во Охрид!
Балканскиот волшебник, уметник, кантавтор и изведувач Дино Мерлин, веќе цели две години својот “Хотел Национал” го носи низ регионот.
По ултра успешниот концерт во Скопје, менаџментот на Мерлин одлучи концертот со дуплирана бројка на публика да го реализира и во бисерот на Македонија, во Охрид. На 23 јули, на стадионот Билјанини извори еден од најценетите изведувачи од регионот со почеток во 21:30 часот, ќе почне да ја раскажува својата “Хотел Национал” приказна.
Цената на влезниците оваа лето, ќе биде за сечиј џеб. И за оние кои што случајно ќе се најдат во Охрид но и за оние кои што со намера ќе тргнат на концерт. Почнувајќи од 650 денари за Партер, преку 1000 денари за Фан Пит кој што пак е ограничен на 2500 влезници, се до ВИП влезница која чини 1500 денари и до која можете да стигнете само преку резервација.




