МК Сцена
Четиридневно уживање во врвни вина, гурмански деликатеси и добра музика на „Вино фест 2018“
Четиридневно уживање во специјално селектирани вина на домашните винарници и внимателно избрани деликатеси, дополнети со квалитетна музика на најпознатите изведувачи од Македонија, ги очекуваат посетителите на годинешната манифестација „Вино фест 2018“.
Манифестацијата, која традиционално ја организира компанијата „Веропулос“, и годинава ќе се одржи на отворениот паркинг на Веро центар во Скопје. Почетокот на „Вино фест 2018“ е закажан за 12 септември (среда), а уживањето во добро вино, храна и музика ќе трае до 15 септември (сабота). Првиот ден од настанот ќе го отворат групите „Љубојна“ и „Фолтин“, кои со своите уникатни настапи го привлекуваат вниманието не само на домашната, туку и на светската публика. Во следните два дена посетителите ќе уживаат во волшебните звуци на музиката на Јаков Дренковски и на легендарниот Игор Џамбазов, како и на Тони Китановски и Черкези оркестар и на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Манифестацијата ќе се затвори со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-ѕвездата Миле Кузмановски. Во текот на сите четири дена, атмосферата пред настапите на музичарите и бендовите ќе ја загреваат диџејските сетови на Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци.





