МК Сцена
Четиринаесеттата модна приказна на „Скопје фешн викенд“ ќе се одржи идната недела во Скопје Мериот
Претстојниот есенски Моден викенд Скопје чиишто ревијален дел ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ кој е официјална локација на сезоната, ќе донесе 12 нови колекции презентирани под мотото на четиринаесеттата сезона „Talent is the new sex“.
На 28 октомври, на модните вечери ќе им претходи забава во „Distrikt Bar&Kitchen“ на која гостите ќе се забавуваат со Models DJ-sets и Андреј Мицајков/Антена 5 , со официјалната водка „Absolut“.
Сезоната есен-зима 2016/2017 на 30 октомври, ќе ја отвори колекцијата „The Great Beauty“ на Јована Филиповиќ, по што ќе дебитира „Papaz“со колекцијата „Враќање на антихеројот” поддржани од Министерство за култура на Република Македонија”. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен накит на „Sigma Jewelry“. Крајот на првата вечер ќе го заокружи колекцијата на Филип Тренчовски наречена „Birds of Pray“.




