МК Сцена
ВЕ САКАМ СИТЕ: 10 цитати по кои ќе остане запаметен Тоше Проески
На денешен ден во 2007 година, на 26 годишна возраст во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка животот го загуби македонскиот ангел Тоше Проески. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, но воедно и изјави на различни теми по кои ќе го паметиме. Во негова чест, одвоивме десет.
1. „Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам во тоа дека во љубовта како и во војната, сè е дозволено.“
2. „За мене е незамисливо оној кој може да им овозможи нешто на оние кои имаат малку или немаат ништо, да ги затвори очите и да не подаде рака.“




