МК Сцена
Даниел Кајмакоски на промотивен евровизиски концерт во Амстердам
Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски викендов ќе престојува во Амстердам, Холандија, кадешто се одржува најголемиот промотивен настан по повод Евровизија, Eurovision in concert.
Дваесет и четири евровизиски претставници ќе земат учество на концертот кој ќе се одржи денеска во салата Мелквек, кадешто пред бројните фанови и евровизиски медиуми ќе настапи и Кајмакоски и ќе ја претстави во живо ″Autumn Leaves″.
Напорната агенда продолжува за Келн и Брисел, каде Кајмакоски ќе има гостувања во радио емисии.




