Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете“

МК Сцена

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете“

Пејачот Даниел Кајмакоски реши да стави точка на пишувањата за неговиот брак и paзводот, па откри детали за естрадниот магазин Бекстејџ, во неговото како што вели, прво и последно обраќање до јавноста за оваа тема.

– „Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сè има вистинско време. Jас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност“, пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

Даниел и Кристина ја официјализираа врската пред три години, а набрзо потоа го добија и синот Давид.

Пејачот потоа се повлече од музичката сцена, сакајќи што повеќе да биде со своите најсакани.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.