МК Сцена
Десет години Пиволенд: Јубилејно издание на фестивалот кој ќе трае шест дена
Оваа година, Пиволенд, прославува 10 години од своето постоење.
Првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд се одржа во 2008-ма година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009 година, имаше околу 150 000 посетители, а последните неколку години, бројката се зголеми за неколку пати.
Денеска Пиволенд, израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје.





