МК Сцена
МАКЕДОНЦИТЕ „ВИЗИЈА“: „Големо искуство е да се настапува на Егзит!“ (ВИДЕО)
И Македонија имаше свој претставник на музичкиот фестивал „Егзит“, тоа беше скопскиот бенд „Визија“ кои настапија на овој голем музички фестивал на таканаречената „Фјужн“ бина, а екипата на Популарно.мк како промотер на македонската музика и еден од ретките медиуми кои известуваа од фестивалот, направи интервју со младите момчиња од овој скопски состав.
Навидум скромната историја на нивниот бенд, сепак има голема приказна. Тие можат да се пофалат со голем број на успеси и настапи на големи регионални фестивали, а интересно е тоа што оригиналниот бенд започнува како средношколски бенд од гимназијата „Корчагин“, за потоа со проширен состав да се формира бендот „Визија“ кој изминатата недела имавме можност да го слушнеме на „Егзит“.
– „Почнавме во 2011 година, претходно со басистката Лиле свирев во друг бенд, а со Марко се познавав и од порано, па еден ден се собравме во гаража и интересно е тоа што никој од нив не се познаваше меѓу себе, само јас ги познавав нив, па така започнавме да свириме, направивме една песна и забележавме дека постои некоја хемија во нашиот бенд“ – вели Марко Џамбазоски од групата „Визија“.




