МК Сцена
Диксон – омилениот диџеј на глобалната музичка сцена следниот викенд во Скопје!
Еден од главните луѓе на Innervisions и четири години едноподруго избиран за најдобар DJ на Resident Advisor, на 9-ти март гостува во Скопје!
Dixon (Steffen Berkhahn) важи за една од омилените личности на глобалната музичка сцена и покрај тоа што позади своето име нема некои масивни хитови, ги избегнува мејнстрим трендовите, ретко дава интервјуа, но сепак успева да се задржи на врвот.
Својата кариера ја започнува на почетокот на 90-те години во Берлин и за брзо време создава име благодарение на своите вештини за миксање. Во 2005 година заедно со Âme ја основаат издавачката куќа Innervisions која уште од самиот почеток се стреми да направи разлика и да се издвои од останатите. Оттогаш, музиката на Innervisions станува неизбежен дел од сетовите на Dixon.





