МК Сцена
„Тандеми“ го промовираa најновиот емотивен спот за песната „Гурбет“
Оваа скопска група, преку песната и спотот го опишува животот на сиромавиот човек. Тие очекуваат позитивна критика од музичката јавност, со оглед на преголемиот труд кој го вложија во овој видео запис, како и пред се добро осмисленото сценарио.
– „Навистина се радуваме на нашето ново видео, кое всушност е краткометражен филм и една сликовита приказна, за песната „Гурбет“. Со оглед на ладното време, но и желбата да направиме квалитетно видео, навистина се помачивме, но на крајот излезе токму онака како што сакавме. Благодариме на „ИН продукција“, манастирот „Св Никита“ и девојките од К.У.Д. „Скопје“. Сакаме публиката да ужива во сработеното“, велат момците од бендот.
Ова е прва нивна наменска песна и очекуваат пред се да биде позитивно прифатена од публиката, но не го кријат задоволството доколку бидат поканети на турнеја во далечната земја Австралија.




