МК Сцена
Димитри Вегас & Лајк Мајк носат спектакл на Егзит Денс Арена!
Најбараното светско диџеј-дуо и првопласираните на престижната „Диџеј Маг“ (DJ Mag) листа Димитри Вегас & Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike) најавија вистински спектакл на Егзит Денс Арена (Exit Dance Arena) и го потврдија својот настап на 7-ми јули, четврток!
Белгиските браќа со грчко потекло Димитри и Мајкл Тиваjос (Dimitri & Michael Thivaios) се познати и како домаќини на славниот „Тумороуленд“ (Tomorrowland) фестивал чии химни редовно ги потпишуваат од 2010-та година, а во моментов се повеќе барани и од најголемите суперѕвезди како што се Хардвел (Hardwell), Мартин Гарикс (Martin Garrix), Дејвид Гета (Davida Guetta) и Авичи (Avicii), од кои пак, имаа прилика од прва рака да чујат што ги чека ова лето на славната Егзит Арена.
Нивната популарност најдобро ја опишуваат 40.000 продадени влезници за само 40 минути, за двете од вкупно три распродадени ноќи во белгиската „Спортпале“ (Sportpaleis) арена, надминувајќи ги рекордите кои ги држеа Мадона и „Ју-ту“ (U2)! По 10-те последователни први места, најголемата онлајн продавница за електронска музика „Битпорт“ (Beatport) ги прогласи за изведувач на годината, а нивните хитови „Tremor“, „Mamouth“ и снимките од бројните настапи во збир надминуваат милијарда прегледувања на „Јутјуб“ каналот.




