Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

До 27 јули блок карта за РУДИМЕНТАЛ и ТОМ НОВИ за само 600 денари

МК Сцена

До 27 јули блок карта за РУДИМЕНТАЛ и ТОМ НОВИ за само 600 денари

Најголемата журка на отворено оваа лето ќе се случува на Плажа Немо во Охрид. На 1 и 2 август на светска сцена под отворено небо, со озвучување и осветлување по највисоки стандарди, во рамките на Orange festival, прв со свој сет ќе настапи Том Нови. Веќе на 2 август на сцената на Немо ќе ја видиме светската драм енд бејс атракција РУДИМЕНТАЛ.

Бендот кој што двапати по ред ја освои најдобрата светска музичка листа – британската. Со безвремениот хит „Waiting all night“ и многубројните хитови и синглови од своите албуми ќе ја кренат на нозе илјадната публика од сите краеви на светот, која што овој 2 свгуст ќе се најдат во Охрид.

Информациите од терен велат дека Охрид во моментов е полн со британски туристи поради тазе воведените чартер летови до Лондон. Побарувачката за влезниците за концертот на Рудиментал е голема. За да им излезат во пресрет на сите фанови на овој бенд, организаторите најавуваат дека до 27 јули сите кои што сакаат да бидат дел од овој летен спектакл, ќе можат да купат блок влезница за само 600 денари.

Додека пак присуство само на концертот на Рудиментал, до 27 јули ќе ве чини 500 денари.

Влезниците можете да ги најдете во продажната мрежа на купикарти за се, локалните плоштади и кафулиња низ Република Македонија, плоштадот во Охирд и ЗЗ топ.

Охрид на 1 и 2 август, сигурно нема да спие. Ќе пропуштите ли да бидете дел од настанот број 1 за ова лето?

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.