МК Сцена
ВИДЕО: „Како тебе нема друга“ на Лозано доби нов спот
Еден од најдобрите пејачи на македонската поп рок сцена, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска заминува за Витебск, Белорусија, каде ќе настапи во ревијалниот дел на фестивалот „Славјански Базар“, а неговиот најнов хит „Како тебе нема друга “ доби преубав видео запис.
Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, и Магдалена Цветкоска, која ги напиша стиховите за „Како тебе нема друга “.
Цветкоски вели: „Песната по стилот потсетува на музичките почетоци на Влатко Лозаноски и неговиот прв албум, но секако вметнавме и нови елементи. Сигурен сум дека ќе биде голем хит, не само летово, туку ќе се слуша многу подолго.“




