МК Сцена
ДОЈРАН ПРЕПОЛН: Импозантно отворање на „Д Фестивал“ со најпозитивната атмосфера досега!
Д ФЕСТИВАЛ синоќа официјално ја започна новата фестивалска авантура во Дојран, која уште со својата прва фестивалска вечер потврди дека деновиве сме дел од најголемото и најмасовното издание на Фестивалот досега и тоа исполнето со неверојатно позитивна енергија, како никогаш досега.
Илјадници посетители на Фестивалот пристигнаа и ги заземаа своите камперски места во распродадениот фестивалски камп уште ден пред почетокот на Фестивалот, а од тогаш нови фестивалџии постојано пристигнуваат. Сместувачкиот капацитет во Дојран е исто така исполнет до својот максимум и веќе неколку дена речиси да е невозможно да се најде слободно место.







