МК Сцена
Донирајте и создадете ѕвезда на небото на СОС Детско село
Започнаа празниците и полека секое срце се исполнува со топли и пријатни чувства. Сепак, тоа е најважно и треба среќата да блеска кај секој од нас.
За да го направат тоа за децата, СОС Детско село ја започнаа кампањата „Замени ги незаменливите бидејќи секое дете ги заслужува ѕвездите“. Со донирање на https://sos.org.mk/ малите ќе знаат дека има многу кои се грижат за нив и дека не се сами во овие денови.
На https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/ се наоѓа небото на СОС Детско село и преку неколку едноставни чекори секој може да ја поддржи нивната мисија за „Топол дом и грижа за секое дете“. Тие што донираат добиваат своја ѕвезда каде може да остават порака за дечињата.




