Музика
Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов
Пивскиот фестивал „Пиволенд“ кој по шест дена требаше да заврши вчера, го откри изненадувањето за своите посетители – организира уште една, екстра вечер.
На 10-тиот фестивал на пивото вечерва ќе настапат Елвис блуз трио, Рингтонс и за крај – македонскиот шоумен Игор Џамбазов.
Организаторите се задоволни од изминатите шест фестивалски дена (7-12 август) кои, како што известуваат, поминале во одлична атмосфера.




