МК Сцена
Двократниот број 1 светски диџеј – Пол Ван Дајк настапува на Д Фестивал!
Д ФЕСТИВАЛ кој ова лето од 6-ти до 8-ми јули ќе се одржува во Дојран, во својата музичка програма добива импозантно засилување со потврдениот настап на неприкосновениот ПОЛ ВАН ДАЈК (PAUL VAN DYK)!
Двократниот носител на титулата за најдобар светски диџеј, една од првите супер ѕвезди во електронската музика кој успеа истата од „андерграунд“ да ја внесе на голема врата на „мејнстрим“ сцената, соработник со легенди како што се Ју-Ту, Мадона и Депеш Мод, повеќе пати номиниран за Греми и сопственик на милионски изданија, добитник на орден на честа од градот Берлин, величенствениот Пол Ван Дајк е хедлајнерот чиј настап на главната бина во петок на 6-ти јули ќе го одбележи спектакуларното отворање на годинешниот Д ФЕСТИВАЛ!
Електронската светска супер ѕвезда Пол Ван Дајк уште од раните деведесетти години ги поставува светските стандарди како ди-џеј.




