Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сале од „Тропико бенд“ запеа пред новинарите (ВИДЕО)

МК Сцена

Сале од „Тропико бенд“ запеа пред новинарите (ВИДЕО)

Александар Цветковиќ – Сале од популарниот „Тропико бенд“ денеска гостуваше во Скопје, а дел од неговата промо агенда за претстојниот целовечерен концерт беше и неформалната дружба со македонските новинари.

Тој најави дека сѐ е подготвенo за големиот скопски концерт закажан за 28 април во ВИП арената „Борис Трајковски“, а откри и интересни детали за настапот и гостите на концертот.

Пиејќи го првото утринско кафе, Сале разговараше и се дружеше со македонските естрадни новинари, а на крај и запеа и така го најави спектакуларниот концерт кој по многу нешта ќе биде речиси идентичен на нивниот од пред две години во белградската „Штарк Арена“.

Тој го најави и новиот видеоспот за песната „Синови на темнината“, која ќе биде промовирана овој четврток на 19 април, а се работи за соработка помеѓу „Тропико бенд“ и Џенан Лончаревиќ, во режија на актерот Вук Костиќ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.