МК Сцена
ЌЕ ЈА СЛУШАТЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ: „Ми амор“ е новата шпанско-македонска песна на Марко Логаут (ВИДЕО)
„Ми амор“ или „Љубов моја“ е најновото музичко остварување на кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како – Марко Логаут.
Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска.
Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото се потпишува Никола Китановски.




