МК Сцена
Ексклузивни ревии на вториот ден од модниот викенд во „Мериот“ (ФОТО)
Вториот ден од есенскиот четиринаесетти Моден викенд Скопје во „Скопје Мериот хотел“ публиката уживаше во четири ревии за сезоната есен-зима 2016/2017 година.
Под името „ Ритам и наука“ се претставија студентите од „Институтот за дизајн и инженеринг на облека“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева.
„Со желба за иновација и позитивна енергија, студентите од насоката за Дизајн и текстилно инженерство, заедно со студентите од катедрата за Прехранбена технологија и биотехнологија, соработуваа во кондензација на заедничките идеи. Ритамот беше клучна инспирација за 3Д одпечатоци, мириси, вкусови, дизајн на облека, дизајн на храна, фотографија. Сите сетила беа вклучени во процесот на работа – Ритамот е вибрација, бран, движење, звук, пулсирање. Денес, повеќе од секогаш дизајнот и технологијата се тесно поврзани, па иднината е токму во продолжувањето на таа соработката од која континуирано постои можност за нови идеи.“, вели дизајнерката Лидија Георгиева.







