МК Сцена
ЕКСКЛУЗИВНО: David Guetta доаѓа во Скопје на 5 јуни!
Македонската публика и публиката од целиот регион на 5-ти јуни ќе има единствена прилика да присуствува на досега најголемото шоу во историјата на Република Македонија, прво од овој тип на арената „Филип Втори“, по примерот на сите светски метрополи.
Под франшизата Skopje Calling, со невидена светска продукција спектакуларно шоу ќе одржи една од најголемите глобални ѕвезди на денешницата, најголемиот хит мејкер на 21 век, неприкосновениот David Guetta.
