Музика
Познатиот ди-џеј Авичи се повлекува од сцената
Еден од најплатените Ди-Џеи во светот според листата на „Форбс“, 27-годишниот Швеѓанец Тим Берглинг, познат под уметничкото име Авици, најави повлекување од сцената.
Авици, кој се прослави со мегахитот „Levels“, на својата официјална веб страница објави писмо во кое ги објасни причините за „пензионирањето“.
– Пред две недели бев на патување во САД со пријатели и тогаш сфатив дека морам да направам промени во својот живот, затоа што веќе подолго време се борам сам со себе, вели Авици.




