fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Елајџа Вуд од „Господар на прстените“ доаѓа во Скопје како диџеј

МК Сцена

Елајџа Вуд од „Господар на прстените“ доаѓа во Скопје како диџеј

Американски глумец Елајџа Вуд познат по улогата  на Фродо Багинс од трилогијата „Господар на прстените” на оскаровецот Питер Џексон, на 4 јуни ќе дојде во Скопје, но не во улога на актер, туку како диџеј. 

Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи на шестиот фестивал „Здраво млади“ што го организира Младинскиот културен центар.

– Елајџа е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак Коуви, патуваат ширум светот и прават одлични забави. Познати се како дуото „Вуден виздом” кое пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв за шизење од 80-те”, информира МКЦ.

Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.