МК Сцена
СВЕТСКИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ: Џон Њуман на 21 јуни во „Борис Трајковски“!
После „One Republic“, кои публиката имаше можност да ги види во јуни 2015 година, Авалон продукција се погрижи Скопје, Македонија и целиот регион во 2016-та, да видат уште една голема и актуелна глобална музичка атракција.
На 21 јуни во Скопје доаѓа извонредниот John Newman, едно од најпопуларните и најактуелни светски музички имиња во моментов, артист кој во изминатиов период има три UK No.1 синглови.
John Newman со своите 25 години за многу кратко време стана англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата. За неговата кариера клучна е соработката со групата „Rudimental“ и заедничката песна „Feel the Love“ која за кратко време стана светски хит. По вториот заеднички сингл со оваа група, насловен „Not Giving In“, набрзо следи и неговиот прв самостоен сингл „Love me Again“ каде се искачува на првото место на британските и светски топ листи, обезбедувајќи си влез и на американскиот музички пазар.





