МК Сцена
ЕЛЕНА И ХАРИ СНИМАА ВО СКОПЈЕ: Наскоро видеоспот за нивната дуетска песна „Још ме плаши“
Изминатите денови во Скопје, поточно во хотелот „Русија“, се снимаше најновиот видеоспот за дуетската песна на една од нашите најистаканти музички имиња – Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Мата Хари.
Нумерата носи наслов „Још ме плашиш“ и се наоѓа на најновиот албум на Хари – „Килим“.
– Елена ја познавам уште кога двајцата ги претставуваме нашите земји на Евровизија, која тогаш се одржуваше во Атина. Ако ме прашувате зошто одбрав токму со Елена да ја снимам оваа песна, одговорот е краток и јасен, таа е еден од најдобрите вокали на овие простори – изјави Хари.





